Времето денеска сончево и топло, но утрото е свежо

Времето-денеска-сончево-и-топло-но-утрото-е-свежо.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, но утрото е свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.



Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од УХМР најавуваат дека во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, но ќе биде релативно топло преку денот.

Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата. На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник.

Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK