СДСМ и ДУИ се браќа во нивните заблуди. Едните веруваат дека имаат монопол за евроатлантската агенда, другите дека имаат монопол на стратешкото партнерство со САД. Ни едното, ни другото не е точно. СДСМ до вчера тврдеше дека за новата Влада не е приоритет ЕУ за да сега не обвинува дека сме ја прифатиле “нивната” реформска агенда. Сега што е точно, едното или другото велат од коалицијата ВРЕДИ.
– ДУИ, иако беше домаќин на Лавров во Скопје, пред изборите бараше да се каже НЕ на Русија. Али Ахмети ги лажеше сателитите дека САД нема да дозволи ДУИ да не биде дел од владината коалиција. Не само што мнозинството Албанци токму нив им кажаа НЕ на изборите, туку сега им ги тегнат ушите како Мики Маус за нивните планови за предизвикување тензии. Затоа, крајно време е СДСМ и ДУИ да излезат од лажниот филм во кој живеат. Ние не сме како нив да присвојуваме стратешки национални цели кои по природата на значењето надминуваат мандат на една Влада. Сепак, треба да прифатат дека токму нивното неодговорно и коруптивно владеење најмногу ја оддалечи земјата од ЕУ. Реформската агенда е директна потврда дека ние работиме на динамизирање на полноправното членство во ЕУ. Тоа ги боли. Исто како што ги боли што ќе има правосудни реформи за отстранување на “мувлата” и ќе спроведеме бескомпромисна борба против корупцијата. Преминуваме на дела без разлика на сите опструкции, блокади и сопки од оние кои по секоја цена сакаат да ја избегнат правдата, дополнуваат од ВРЕДИ.