Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби, реагираат од коалицијата Вреди.
„Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, нула Албанци застапени во армиската единица ‘Волци’. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциите, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите. Коалицијата Вреди има заменик директор во Агенција за Национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на Вреди за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба“, се вели во реакцијата на Вреди.
Од таму велат дека е точно дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година е сменета систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор.
Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, велат ќе ја врати Вреди.