„Вреди“: 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово, носиме историски инвестиции


tetovo-depositphotos_2089112_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа, најавија од „Вреди“


Оваа инвестиција, како што велат, е уште еден доказ дека „Вреди“, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања.

Според нив, овој повеќемилионски проект не е само рекордна бројка, туку гаранција дека граѓаните на Тетово и Полошкиот регион ќе добијат поквалитетни, побезбедни и поефикасни здравствени услуги, без потреба да бараат лекување надвор од државата.

„Со ова, “Вреди“ покажува дека одговорното владеење се мери со проекти што го подобруваат животот на граѓаните. Благодарение на нашата посветеност, Клиничката болница влегува во нова ера на развој, а историските инвестиции ги заменуваат годините на стагнација и занемарување.

Остануваме посветени преку конкретна работа и стратешки инвестиции да изградиме институции што им служат на граѓаните и да обезбедиме подобра иднина за сите“.

Потсетуваат дека клиниката во Тетово се гради. За две години, оценуваат во партијата, резултатите се видливи, додека 20 години имаше само ветувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK