Вработени во контролата за летање помагале да се изврши нападот, синдикатот бара од МВР итно да бидат најдени

Вработени-во-контролата-за-летање-помагале-да-се-изврши-нападот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР веднаш да отпочне постапка за пронаоѓање на учесниците во упадот на објектот на контролата за летање, како на лицата кои не се вработени во контрола на летање, а биле присутни во безбедносниот периметар на објектот, но и на лицата вработени во М-НАВ, а кои биле соучесници и го потпомогнале целиот настан кој финализираше со физички напад врз контролор на летање.


Ова е една од одлуките и барањата кои синоќа на вонреден состанок ги донело членството на Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање – ССКЛ, а откако група лица упаднаа во објектот и нападнаа вработени кои реагираа против партиските вработувања.

На состанокот  било заклучено дека поради очигледни безбедносни пропусти во обезбедувањето, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација, побарано е од МВР распоредување на службени лица.

Станува збор за стратешки државен објект, а контролорите на летање нема да продолжат да работат под оправдан страв дека во секој момент некој од надвор би можел да влезе и да ги загрози нивните животи, а со самото тоа и животите на патниците во авионите, велат од Синдикатот.

Од страна на МВР беа распоредени службени лица за заштита на безбедноста и на објектот, но и на вработените.

Синдикатот ги повика тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од нивните функции, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата до која се дојде во контролата на летање по нивна вина.

„Тие покажаа дека не само што не се способни успешно да раководат со македонската навигација, туку и дека не се способни да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица. И по изминати повеќе од 11 часа од нападот врз нашиот колега, ниту еден од нив не најде за потребно јавно да го осуди целиот настан, да излезе со официјален став околу тоа што се случи во една институција која треба да го претставува врвот на безбедносниот систем, не се одважија ниту да понудат своја помош на нашиот повреден колега но ниту да ја гарантираат понатамошната безбедност на вработените кои и покрај се мораа да останат на своите работните места и да продолжат да го контролираат воздушниот сообраќај“, велат од Синдикатот.

Понараму се додава дека тие не треба да чекаат да бидат разрешени како што е најавено на следната седница на Влада, како што синоќа беше најавено, бидејќи и до сега причинија доволно штета.

Во спротивно, ССКЛ најавува штрајк со затворање на воздушниот простор, започнувајќи од 10 јануари, се до исполнување на сите нивни барања.

За настанот известени се сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваат претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и подршка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK