Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано во живо на „Тик-ток“.
Видеото вознемири многумина, кои упатија апели насилникот да биде веднаш приведен. На снимката жената не се гледа, но се слуша нејзиниот глас, а се тврди и дека таа е бремена.
https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/03/6f066ef2-3938-4f6b-8f4d-b75571fc3394.mp4
Според информациите од полицијата за „Макфакс“ постапено е и лицето веќе е приведено во полициска станица по споделувањето на снимкта.
Се очекува СВР Струмица да излезе со сите детали во текот на утрешниот ден.