Воздухот и натаму загаден, донаќинствата најголемите загадувачи, информира Стојковски

Воздухот-и-натаму-загаден-донаќинствата-најголемите-загадувачи-информира-Стојковски.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски, во првите неколку дена од годинава, најголемите индустриски капацитети што ги контролира Инспекторатот не работат или се со преполовен капацитет, но очигледно е дека воздухот и понатаму е многу загаден, а во Скопје и во Струмица вредностите на ПМ-10 честичките го надминаа прагот за алармирање.


Тој порача од фиока да се извади и да се усвои Правилникот за цврсти горива бидејќи како што рече со него ќе треба да се регулира какви дрва и пелети горат домаќинствата и фирмите.

Порача дека редовни контроли мора да вршат и Градот Скопје и општините.

„Сите мора да го дадат својот придонес во намалувањето на загадувањето. Најголеми загадувачи се домаќинствата, градежниот сектор, сообраќајот и индустријата, затоа мора свеста да проработи кај сите“, истакна Стојковски.

Слабата екипираност една од главните пречки за Државниот инспекторат.

Според последните информации, барањето за вработување на петмина нови вработени годинава не им било одобрено од Министерството за финансии, како и буџетот за 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK