­

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

119749680_333675248067236_2297416179911455947_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на улицата Партизански одреди.


Од тука велат дека дека барале продолжување на мерката притвор за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, но судот донел пресуда со кој на обвинетиот му била изречена заводска мерка – упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.

„Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“, велат од Обвинителството.

Од тука претходно информираа дека возачот кој ја прегази Фросинаа возел пијан, без возачка дозвола и поминал на црвено светло, додека девојката ја поминувала улицата на обележан пешачки премин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK