Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Taravari-za-bebeto.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле и на Клиниката за детски болести за да се утврдат причините за смртта на 14-месечното дете кое во саботата почина на Детската клиника. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека утрово имал состанок со директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.


„Првиот состанок што го имав утрово беше со директорот. За овој случај формирана е и стручната комисија и веќе е на терен. Од девет часот утрово на терен се и стручната комисија и Инспекторатот“, рече министерот Таравари.

Тој вчера потврди дека 14- месечното бебе било вратено од Детската клинка, односно лекарите одбиле да го хоспитализираат. Родителите помош побарале на Клиниката во Козле, каде што го примиле, но поради влошена состојба било пренесено во Детската клинка, каде што почона.

Министерството за здравство извести дека детето било примено со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата со отежнато дишење и пад а сатурацијата. Телото на детето е предадено на обдукција за која од Министерството очекуваат да ги утврди причините за смртта.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, вчера на социјалните мрежи објави дека смртта на 14 – месечното дете е голема трагедија за него и како родител и како доктор. Најави дека не да остане мирен се додека не ги дознае причините за смртта и додека не се побара индивидуална одговорност за случајот доколку се утврди пропуст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK