Од ЕЛС-Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на калиформни бактери и ешерихија коли [E.coli], кои можат да преставуват сериозни здравстени ризици.
Оттаму советуваат да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа, да се користи флаширана вода за пиење и готвење.
„Следете информаци за состојбата додека работиме на решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување. ЈKП Комуналец Гостивар во врска со неисправната вода за пиење во ЕЛС-Гостивар ќе почнат со интервенција после 7:00 часот утрово“, дополнуваат од ЕЛС-Гостивар.