Во строгиот центар на Скопје наскоро ќе се отвори првата вистинска Гурманска авенија (Gourmet Avenue). Таа е составен дел од новиот трговски центар Diamond Mall чие отворање е најавено за 20 октомври.
Гурманската авенија ќе биде навистина уникатен простор резервиран за љубителите на вкусната храна и дружење. Оваа специјална Авенија нуди многу повеќе од таканаречените „Фуд-корнери“ кои се карактеристични за останатите шопинг молови. Таа ќе им овозможи на сите посетители, во навистина опуштена атмосфера, да уживаат во разновидната понуда на специјалитети и пијалаци кои ќе бидат дел од понудата на големиот број ресторани, кафулиња и барови.
Во Гурманската авенија ќе се организираат и најразлични забавни и музички случувања, што секако дополнително ќе придонесе за креирање на пријатната атмосфера за гостите.
Отворениот формат на новата Гурманска авенија им овозможува на угостителските објекти во нејзин состав да работат со флексибилно работно време, што на посетителите им нуди можности за уживање во текот на целиот ден, почнувајќи од појадок рано наутро, па сѐ до во доцните вечерни часови со пијалак, музика и забава во кафулињата и баровите.
Ваквиот специјален простор наменет за вистинските гурмани совршено се вклопува во уникатниот концепт на Diamond Mall, замислен да биде многу повеќе од обичен трговски центар. Неговата амбиција е да прерасне во новото популарно собирно место за сите жители и посетители на македонската метропола, нудејќи уникатно доживување за сите преку комбинација на врвно шопинг искуство, гастрономско уживање и одлична забава. Ваквиот уникатен спој од содржини го вбројуваат Diamond Mall во сосема нова категорија на објекти од ваков тип, наречени „Лајф центри“.
Инаку, Diamond Mall е изграден според најсовремените архитектонски трендови, градежни техники и стандарди, кои овозможуваат највисок степен на удобност на посетителите, одлични работни услови за вработените во центарот, како и висок степен на енергетска ефикасност и заштита на животната средина.
Дизајнот на Diamond Mall е компактен и овозможува лесна навигација на посетителите низ целиот објект и голема прегледност, а молот располага и со голем број различни влезови кои овозможуваат лесна пристапност на сите посетители, независно дали доаѓаат со возило, со јавен превоз или пешки.