Спасувачките служби се обидуваат да извлечат 16-годишно девојче кое вечерва паднало во бездна кај манастирот Свети Илија над Струмица.
Случајот на 112 го пријавила мајката и известила дека нејзината ќерка има повреди на главата, но не ја знаела точната локација.
„По барање на операторите, и тинејџерката потоа се јавила на 112 и вознемирена раскажала за повредите, но не знаела да го посочи точното место на кое што паднала“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.
Во моментот се работи на нејзино извлекување.