Во сообраќајката кај Охридско биле припадници од обезбедувањето на Гаши: полесно се повредени соопштија од кабинетот

Уапсени-двајца-малолетници-од-Тетовско-со-метален-предмет-нападнале-друг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од кабинетот на собранискиот спикер соопштија дека во полициското возило кое излета од патот Охрид-Кичево било обезбедувањето на Гаши кои патувале како претходница на неговата посета во Охрид.


„Попладнево сообраќајна незгода се случи на возило во кое се наоѓаа обезбедувањето на претседателот Африм Гаши, кои патуваа како претходница за посетата на претседателот Гаши во Охрид.

Информираме дека сите тројца членови на тимот се здобија со полесни телесни повреди и моментално се во стабилна состојба. На нив им е укажана лекарска помош и се наоѓаат во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид“, се истакнува во соопштението.

По пристигнувањето во Охрид, Гаши се упатил кон болницата и лично се уверил за здравствената состојба на членовите на обезбедувањето.

„Сообраќајните несреќи, особено во предизвикувачки временски услови и услови на патиштата, се несреќна реалност.

Безбедноста останува наш главен приоритет, и ние сме благодарни за брзата реакција на службите за итни случаи и лекарскиот тим“, се нагласува во информацијата од кабинетот на Гаши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK