Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да продолжи седницата на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија.
Вчера пред членовите на Комисијата зборуваа поранешниот директор на Клиниката Никола Васев, атуелниот организациски в. д. директор Халид Матоши, неговиот поранешен колега Нехад Нухи и Билјана Настова, раководител на аптеката на Онкологија.
Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Никола Васев, пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти Хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се зеле лекови само во случаите кога не смееле да дозволат да им се прекине терапијата на пациенти што веќе почнале да ја примаат.
Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако Јавното обвинителство отвори предистражна постапка по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија.