Во овој момент немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари, посочи Ангелов

stojanche-angelov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Потребна ни е длабока реформа на целиот систем на Центарот за управување со кризи за да се гасат пожари побрзо и поефикасно“, посочи директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.


„Вчера имавме вкупно 27 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив утрово за жал се активни 7 пожари. Изгаснати се 16 пожари, додека под целосна контрола се ставени 4 од нив“.

Во овој момент како што вели Ангелов,  најактивен, најсериозен пожар и најтежок за гасење е тој во Македонски Брод кој се движи во близина на Јасен, односно кон селото Брезница. Овде е упатен еден полициски хелихоптер, а набргу треба да пристигнат и двата ер трактори.

На планината Серта најголемиот дел од она што е изгорено, повеќе од 90 проценти е трева, грмушки, трева, нискостеблести растенија и во мал процент борово зимзелена шума.

„Тие растат покрај самиот пат. Економската штета од планината Серта може не е голема,  тука е поголема штетата од економските ресурси кои ги ангажиравме“, посочи Ангелов.

„Во овој момент немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари, посочи Ангелов.

„Од УХМР имаме и најава за врнежи денеска, доколку паднат дождови состојбата ќе биде стабилизирана“, заврши Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK