Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, тврди Петровска

slavjanka-petrovska-3.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратничката од СДСМ, Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана, денеска на нејзиниот фејсбук профил објави дека во рок од 7 дена во МВР биле поделени, под притисок и закани, како што напиша, повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.



„Во рок од 7 дена во МВР “се поделени”, под притисок и закани повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.

Во Агенцијата за разузнавање се назначи заменик директорка, без законски потребното работно искуство. Се подготвуваат партиски послушници и во АНБ и Военото разузнавање.

И Мицковски најавува нова реформа на безбедносните служби и нивното спојување?
Не, тоа ќе биде полициско партиска држава со концентрација на моќ кај некој нов Горан Грујовски“, пишува Петровска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK