Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациенти кои се целосно закрепнати, но од следната недела ќе почнат да се враќаат и пациентите со потешки повреди за кои ќе треба рехабилитација. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека разгледуваат повеќе можности за продолжување на нивното лекување откога ќе се вратат од болниците во кои беа прифатени за досегашниот т.
„Оваа недела очекуваме полесните пациенти да се враќаат, тие што се рехабилитирани комплетно. За потешките пациенти ќе разговараме од идната недела. Имаме неколку опции, да го адаптираме ковид – центарот во ‘8 Септември’, Центарот за рехабилитација во Козле исто така е подготвен со повеќе кревети, меѓутоа имаме понуди и за надвор од државата за оние кои би биле рехабилитирани подолгорочно, се разбира без трошоци за државата. За тоа ќе зборуваме од идната недела кога ќе се најавуваат потешките пациенти“, рече министерот Таравари.
Тој утрово извести дека од вкупно 193 повредни во пожарот во дискотеката во Кочани, досега 93 пациенти закремнаа и заминаа на домашно лекување, а во боллците кај нас и во странство се лекуваат уште 100 пациенти. Од нив 20 се во болниците кај нас, а 80 се уште се на лекување во странство.
Денес за враќање дома се најавени двајца пациенти, еден од Полска и еден од Белгија.