Во ИНОФЕИТ одбележување 75 години постоење на Одделот за процесирање сигнали на ИЕЕЕ

ieee
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Факултетот за електротехника и информациски технологии информираат дека денеска ќе го претстави тимот „NeuroFEEIT”, кој победи на натпревар на светското студентско финале за процесирање сигнали, а ќе се одбележи и 75 години од постоење на Одделот за процесирање сигнали на ИЕЕЕ на ФЕИТ.

Планирано е обраќање на професор доктор Анастас Мишев – претседател на македонската секција на ИЕЕЕ, професор доктор Софија Богданова, која ќе говори за историја и развој на Одделот за процесирање на сигнали во Македонија, како и на дипломираниот инженер Даниела Јанева, која ќе го претстави победничкиот тим на натпреварот IEEE ICASSP SP Cup.


– Натпреварот беше организиран од одделот за процесирање сигнали IEEE SPS и Центарот за истражувања во невровизуелизација и наука за податоци (TReNDS)] (https://trendscenter.org/) при Институтот за технологија на Џорџија, САД. Тимот беше воден од магистрантката Даниела Јанева, а во него учествуваа додипломците Стефан Крстески, Матеа Ташковска, Ана Крстевска, Ангела Мешкова, Душан Мерџановски, Марио Величковски и Марко Палоски. Ментор на тимот беше вонредниот професор доктор Бранислав Геразов, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK