Две лица се приведени под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.
Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Од Обвинителството досега не изнесуваат повеќе детали, додека дел од медиумите неофицијално објавија дека еден од приведените е Мухсин Арифи – в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ Скопје.