ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери, додека луѓе страдаа и умираа

zaev-filipce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер, преку криминалот на Онкологија, тендерот за стерилизација, пожарот во модуларната болница, набавката на вакцини, рекордниот број настрадани од Ковид и десетици други, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Филипче е продолжена рака на Заев, браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери во здравството, додека луѓе страдаа и умираа.

Во секоја европска држава вакви ликови после таков мандат не би ни помирисале политика, а не пак да водат партија. Но овој двоец Заев-Филипче нема ни срам ни перде. Нив ги води поривот за пари и желбата преку политика да се амнестираат. Ортаци во бизнисот, а последната зделка им беше впишување на целосна сопственост над СДС. Партијата ја претворија во приватна фирма, што е врв на нивната коруптивна дејност“, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека тоа што ја земале во заложништво и ја држат заробена партијата, е работа на членството на СДС, но никој друг, според ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволи една крими група да ја уценува државата и политичките процеси во неа.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Со вакво темпо, СДС е многу близу на следните избори да биде вонпарламентарна партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK