ВМРО-ДПМНЕ: За бегството на Блерим Рамадани виновни се судиите кои го пуштиле во домашен притвор, истите кои му слугуваа на СДС и ДУИ

Најавената-финансиска-полиција-која-ќе-влезе-во-М-Нав-е-само.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Совршено јасно е дека Блерим Рамадани е пуштен во домашен притвор од каде избега од истите судии кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на Судиите? Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството?“, велат од партијата.

Потсетуваат дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица.

„Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ“, завршуваат од партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK