ВМРО-ДПМНЕ: Вања немалo да биде од убиена од екс претседателот на нивната градска организација Палчо, ако МВР на Спасовски навреме реагираше

ВМРО-ДПМНЕ-Вања-немалo-да-биде-од-убиена-од-екс-претседателот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС ги плукаат, а тие велат врне, Вања немалo да биде од убиена од екс претседателот на нивната градска организација Палчо, ако МВР на Спасовски навреме реагираше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Појаснуваат дека Љупчо Палевски е екс претседател на градската организација на СДС, тој е близок соработник на власта, човек кој беше опозиција на опозицијата. Палчо е СДС колку што се Ковачевски и Зечевиќ.

СДС, според опозициската партија се плаши од поврзаноста со Палчо, затоа што МВР на Спасовски можеше, но не стори ништо да го фати на време, а Вања да биде спасена.

„Доколку беше распишана централна објава по возилото на убиениот Панче уште на 24-ти ноември, убијците на Панче ќе биле фатени уште истиот ден кога возилото првпат е регистрирано од камерите на „Безбеден град“, а до убиството на Вања кое се случило на 27-ми немало да дојде.

СДС не може да се испере од фактот дека Вања е мртва заради ненавремена и неефикасна истрага во случајот Панче од страна на МВР на Спасовски“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK