ВМРО-ДПМНЕ: Утре ќе ја откриеме целата шема на лажни вести на Асаф Еисин, кој се нудеше и во ВМРО и беше избркан

mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на утрешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе ја открие целата шема на фалсификување на лажни вести и документи од страна на Социјалдемократскиот сојуз, наведува опозициската партија, преку соопштение.


„Тоа е мрежа во која се вклучени и злоупотребени државни институции и највисоки политички личности, со поддршка од странски платеници исплаќани во готово.
Прибегнувањето кон фалсификување е најдобар доказ дека власта е нервозна и дека губи. Истите иснпиратори и платеници меѓу кој и израелскиот мешетар Асаф Еисин кој работи за СДС, дојде со понуда за креирање на слични лажни вести и документи во ВМРО-ДПМНЕ и беше избркан од партијата. Очигледно, СДС и Ковачевски го прибрале. Асаф нема да ги спаси од катастрофалниот пораз. Но и Асаф и Зецевиќ и Ковачевски треба да се подготват да одговараат веднаш по промената на власта“, велат од партијата.

Вчера на митинот во Скопје, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборуваше на темата.

„Изворот на таквите вести е еден балкански мешетар и контрактор со потекло од Израел кој скапо го платиле со украдените пари од тендерите кои ги местат и го крадат народот. Тој мешетар е познат по таквите измислувања и фалсификувања и ширење лажни вести. Ова го кажувам за да не наседне ниту народот ниту пак медиумите на ваквите лаги, и го кажувам ова за да знае и Ковачевски дека истиот човек пред да отиде кај него, беше кај мене и ми понуди да прави фалсификати документи за власта кои ќе ги продаваме во јавноста за големи скандали. Мојата порака кон овој мешетар беше јасна, јас во политиката влегов да градам и поправам, а не да растурам и расипувам работи или терам црни кампања. Така силно го избркав од мојата канцеларија што го промаши и излезот од просторијата. Но еве гледам си нашол тезга кај СДСМ, кај Ковачевски и Пендаровски и така среќно си фалсификуваат документи и наводни записници“, истакна Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK