Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој тој и сите околу него редовно го крадеше и запоставуваше, велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат:
„Уште посурова е реалноста дека тој остана маргинализиран затоа што е прочитана книга. Функционерите на ДУИ протестираат против судиите на ДУИ. Не се работи ниту за правата на албанците, ниту за тоа дека Уставниот суд ќе донесе некаква драматична одлука, туку се работи единствено за кариерите на десетина души чија професија стана да бидат редовни душегрижници за човековите права кои редовно ги газат. И доста Ахмети се заканува како мома на чешма, фрла клетви, злоупотребува човечки судбини. Театарот наречен ДУИ треба да престане. Светот нема да престане да постои што ДУИ е опозиција“.
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва на собир пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т.н. „Стража на јазикот“, побара Судот да ги отфрли поднесените 13 иницијативи за оспорување одредби во Законот за употреба на јазиците.