„Скандалите околу Артан Груби се како бунар без дно. Кај да се свртиш околу него ќе видиш матни зделки и бизниси кои смрдат на корупција и криминал. Последниот случај е поврзан со Лотарија. Прпарим Бајрами, директорот на Лотарија, за 2.6 милиони евра изнајмува простор од фирма каде удел има и Шабан Азмовски Хамза, член на УО на Лотарија, а двајцата се дојдени од министерството на Артан Груби! Според сета логика, лица од блиска доверба на Груби“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека фирмата која добива ваков вносен бизнис е фирмата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купува имот и со тој имот добива тендер од 2.6 милиони евра.
„Лицето Армин Машовиќ кој што е еден од клучните играчи во овој бизнис со лотарија во исто време е од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас. Изврзани се како црева со една цел да прават матни зделки и да испумпуваат народни пари.
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал молчи, Ислам Абази слика има тон нема кога се работи за скандали поврзани со ДУИ, а Јовевски хибернира. Она за кое што се платени од народот да го работат, тие го забошотуваат. Едниот заради тоа што е седнат во скутот на кланот Зајас, а другиот затоа што уште се надева на уставен судија. Тоа што молчат ги прави соучесници. За овој скандал, како и за многу други, ако ова обвинителство не сака да се занимава, ќе се занимаваат ослободените институции после изборите. Одговорност мора и ќе има“, се наведува во соопштението.