ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот „Диво месо“ покажува дека и во 2023 година се правеле милионски злоупотреби на сметка на пациентите на онкологија

ВМРО-ДПМНЕ-Скандалот-„Диво-месо-покажува-дека-и-во-2023-година.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скандалот „Диво Месо„ на онкологија ја покажува целата монструозност на канцер мафијата која се богатела на грбот на најтешко болните пациенти. После два месеци предистрага, Обвинителството молчи за скандалот со Онкологија, нема ни обвинение, па дури ни официјална истрага. Тоа покажува дека власта на СДС и ДУИ го води и овој случај исто како и процесот со трагедијата со модуларната болница, со трагедијата кај Ласкарци или трагедијата со „Беса транс“. Се оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Монструозноста во овој случај, како што нагласуваат, е во тоа што иако траел со месеци и години наназад, па дури и во 2023 кога наголемо се говорело веќе за злоупотребите со терапијата и третманот на клиниката за Онкологија, реакција од надлежните немало. Ниту од министерството за здравство, ниту МВР, ниту од ЈО.

„Согласно документите кои ги презентиравме клиниката за Онкологија и покрај доволните залихи со лекови, набавувала нови количини од омилената веледрогерија на власта. Иако ги „оќореле“ од пари, сепак пациентите биле оставани без терапија и за тоа никој не бил повикуван на одговорност. Како е тоа возможно? Добавувачот на скапата терапија правел дефектури, доцнења, со доставата и никој за тоа не алармирал или не повел постапка.

Исто така, она кое што е видливо од документите кои ги претставивме во јавноста, во клиниката веројатно свесно не се водело сметка за трошењето на вијалите со скапата терапија. Односно, ако една вијала се потрошела до половина за еден третман на еден пациент, другата половина не се знае дали и на кого била искористена, затоа што не се водела евиденција. Тоа остава простор за злоупотреби, препродавање на црно или во најмала рака несовесно користење на екстремно скапа терапија која е купена со народни пари. На крајот она кое што особено загрижува е што скапата терапија била давана во торби на лица кои биле заведени како пациенти за да ја аплицираат надвор од клиниката за онкологија, без да се знае дали воопшто била аплицирана или била злоупотребенаЁ“, истакнуваат во реакцијата од опозициската партија.

Овде, според нив, се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикал екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се се правел на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале.

Децидни се дека за овој случај не смее да нема одговорност. „Овде се работи за диво месо кое го уништува системот на здравствена заштита. Колку и да го кријат, одолговлекуваат или забошотуваат овој скандал, треба да знаат дека документите покажуваат дека се работи за грозоморен криминал за кој сега или наскоро ќе има одговорност“, нагласуваат од партијата на Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK