ВМРО-ДПМНЕ: Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје


Каја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје – депонија со линдан која нејзината партија СДС ја премолчуваше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.


„Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа.

А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и во „ТИТАН Усје“, таму каде што СДС и ДУИ, заедно со неа, имаа одлична „соработка“ во труењето на скопјани.

Токму таа ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа и негово согорување во Македонија.

Замислете, со европско знаменце, директно потпишано од СДС-ДУИ.

Тоа беше нивниот план за градот и за граѓаните!

Кандидатката во обид, пуштена од сопствената партија само за да изгори, денес се обидува да зборува за инфраструктура. Нека не се грижи, булеварите ќе бидат завршени и тоа експресно, но од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Канцерот на скопјани, СДС и нивното време завршува.

Единственото нешто што можат да поправат се сопствените редови по силниот пораз“, пишува во реакцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK