ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ си играат надворешна политика и прифаќајќи ги бугарските услови ја блокираа евроинтеграцијата на Македонија

vmro-dpmne-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Владата предводена од СДС и ДУИ единствено што знае е да се грижи за личните и партиските интереси. И од држава воопшто и посебно од надворешната политика направија циркус. Владата предводена од СДС и ДУИ прифати услови за ЕУ без никаква консултација дома, без никаква консултација со релевантните чинители во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Чекорите кои ги преземаа Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и Бујар Османи оставија трајни последици по евроинтегративниот пат на Македонија.

Ковачевски, Маричиќ и Османи наместо да укажат на штетните и нереални ставови на Бугарија пред европските претставници, тие прифатија договор или услови кои се на штета на граѓаните и на државата.

Ковачевски, Маричиќ и Османи со обврските кои ги преземаа, а знаеја дека не може да се реализираат, купуваа само ден повеќе на власт. И додека ја бараа поддршката за неприфатливиот услов продолжуваа да крадат.

Сите нивни активности спротивни на правните норми во државата се запишани во извештајот на Европската комисија. И во тој документ ги има сите нелегални активности како активностите поврзани со коридорите 8 и 10д, лошата ситуација во правосудните органи и слично.

Нелегалните или криминални активности на СДС и ДУИ ја чинат Македонија многу, ги чинат граѓаните многу. Состојбите како дома, а така и на меѓународен план мора да се поправи. За ова е потребен целосен рестарт на системот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK