ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта?

Петрушевски-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната прес конференција пратеникот Бране Петрушевски одговори и на новинарско прашење во однос на најавите од страна на ДУИ за дестабилизација на државата кои што излегоа во медиумите, тој ги повика СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што им е целта.


 „СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта? Дали СДС и ДУИ заедно го спремаат планот за дестабилизација на државата од есен? Филипче потрча со статус на фејсбук да си ја тргне мувата од капата, но џабе, и малите деца знаат дека СДС е помалиот брат на ДУИ. Сите криминали кои ги правеше ДУИ нема да беа возможни без СДС. СДС да кажат што планираат со ДУИ и дали целта е да се заштитат од одговорност за сторените криминали и ограбената држава? И СДС и ДУИ треба да знаат дека насилство и безредие нема да им помогне, напротив и за тоа ќе треба да одговараат и да се соочат со последиците на сопствените дејствија“ истакна Петрушевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK