ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно

filipce-kumanovo-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според ВМРО-ДПМНЕ, рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно.


„Венко Филипче знае дека тоне во криминали, знае дека на јавноста не може да и објасни зошто ја сокрил фирмата во Бугарија и не ја пријавил во анкетниот лист, па смета дека со сликање по операциони сали народот ќе го засака.

Венко, едно да знаеш, тоа што си лекар е твоја професија и должност, а пациентите не се должни да ги малтретираш за фотиграфирање. Тоа е срамно, мизерно и под секое ниво“, порачуваат од партијата на власт.

Венко Филипче, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, им го руши достоинството на пациентите и треба да се извини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK