Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ, а не за слепата улица во која тој ја донесе државата е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата, реагира опозициската партија.
„Навистина е неважно што мисли повеќе Ковачевски во државата зошто тој е нелегитимен премиер на Влада која е нелегитимна. Денес Ковачевски требаше да се извини што лажеше цела година дека има мнозинство и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во трката за 80 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ја изгубиле кохезијата и подршката од пратениците од власта зошто на сите и во СДС им е јасно дека предлогот е штетен и оти бугарскиот диктат не треба да се испопни.
Решението е едно: оставка и избори, смета ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната прес-конфренеција, Ковачевски кажа дека на седницата станало очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ е за блокадата на европската иднина и изолација на државата, а владејачкото мнозинство ќе направи се’ што е потребно за да ја тргне оваа блокада и да го продолжи патот кон ЕУ.