ВМРО-ДПМНЕ: Незаконската легализација на објекти во Чаир е последен пример за корупцијата и двојните стандарди

ВМРО-ДПМНЕ-Незаконската-легализација-на-објекти-во-Чаир-е-последен-пример.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Незаконската легализација на објекти во Чаир е последен пример за корупцијата и двојните стандарди, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.


Од партијата велат дека последен од случаите за еклакантни двојни аршини е тој во Општина Чаир, каде секојдневно се дозволува дивеење на урбаната мафија.

„Во оваа општина, иако изминативе години се издадени само 8 градежни дозволи, доволно е само да се прошета низ општината и лесно ќе се увиди дека има десетици пати повеќе изградени нови објекти. За жал, Општина Чаир не е само нем послушник во целата работа, туку е и активен учесник преку кршење на закони, фалсификување на документи и други тешки кривични дела. Имено, спротивно Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2021 година, каде според член 2, став 2, јасно се вели дека легализацијата е можна само за објектите изградени до тој момент, деновиве во јавноста се појавија информации и докази дека Општина Чаир фалсификува документи и го крши законот преку легализирање на објекти кои се изградени години по носењето на овој закон“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Се додава дека ако не функционира општинската градежна инспекција, тогаш тука се институциите на централната власт, како што се Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, па и Министерството за транспорт и врски.

За жал, велат од ВМРО-ДПМНЕ, истите со години не реагираат на самоволието на општините кои се од нивната политичка провиненција и нивното време го користат за малтретирање на општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ и блокирање на нивната работа на секој можен начин.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK