ВМРО-ДПМНЕ не знае да чита, велат од СДСМ

mickoski-filipche-VMRO-SDSM.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ не прави разлика помеѓу навредатa „будала“ и пораката „не ме прави будала“, која значи „затоа што сум доволно паметен да знам дека лажеш“, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.



„Се што кажа СДСМ е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане народот да го прави или да го смета за будала бидејќи граѓаните се доволно паметни и ги препознаваат сите лаги кои ги пласира владејачката партија.

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција и како власт.

Граѓаните ова многу добро го знаат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK