„Кузеска добро да се информира пред да излегува на пресконференции, за да не се извинува повторно, откако ќе се фати во лагите. Хаосот по улиците е предизвикан од СДС и Спасовски, кои 8 години дозволија безредие. Во време на Спасовски во МВР се пробиваа акции за апсење на картели, се штанцаа пасоши на мафијаши, се крадеше муниција од полициски објекти“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.
„Криминалците се осилија во времето на Спасовски. Сега владата на ВМРО-ДПМНЕ прави се за да воспостави брзо и ефикасно ред на улиците. Граѓаните да се чувствуваат безбедно, зошто сега за разлика од порано се постапува веднаш, и веднаш има уапсени.
Во време на СДС ниту еден убиец не е фатен, десетици нерасчистени убиства стојат на контото на СДС, кои наместо да го гонат криминалците се сојузија со нив“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.