Настапите на Ковачевски се само форма без содржина. Се му е во стилот „јас не сум од овде“ или „купи ден помини“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски, како што велат, треба да знае дека владата на ДУИ и СДС со измените на Кривичниот законик направи директен упад во правниот систем и правната држава и тој е лично одговорен за тоа што сегашни судски процеси застаруваат.
„Правдањето со некакво усогласување со европско законодавство беше демантирано до страна на европските претставници и истото ќе го чуеше Ковачевски неколку минути после тоа, ако не побегнеше од прес конференцијата која сам ја најави. Тој е лично одговорен за тоа што се воспоставува култура за неказнивост.
Доколку пак мисли дека со измените на Кривичниот законик ќе се спасат актуелните функционери од кривично гонење за сторениот криминал, многу се лаже. А, уште повеќе се лаже ако мисли дека ќе се вади на тоа дека во влада никој не го есапи и одлуки се носеле во негово отсуство“, додаваат од опозициската партија.
Според нив, одговорност ќе има и таа одговорност ќе ја почувствува кога ќе се охрабри да се соочи со народот.