Хибридниот режим преку заробеното судство спротивно на Устав и закон осуди пратеник за искажан став во Собрание, како им се ближи крајот им расте стравот, ќе одговараат за криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Хибридниот режим во паѓање преку заробеното судство се обидува да се спаси од криминалите и да го ублажи големиот пораз кој им следи на изборите.
Уставот и законите за оваа власт никогаш не важеле, а уште еднаш се потврди дека не важат ниту за судиите кои под притисок на власта мора да судат спротивно на Устав и демократски принципи.
За прв пат во историјата на политичкиот плурализам, спротивно на Уставот и законите пратеник на опозиција е осуден за искажан став од собраниска говорница.
Како и Уставот така и Законот за граѓанска одговорност и клевета, член 7 е јасно дека нема одговорност ако изјавата е дадена во работата на Собранието. Просто е неверојатно судија наместо да суди според законот, суди по партиска наредба.
Скандалозно е судија да од против судските и законските прописи само за да му удоволи пресуда на пратеник од власта.
Да биде потрагично, пресудата за пратеникот Бране Петрушевски доаѓа во време кога Македонија го доби најлошиот извештај од Европската комисија, извештај во кој судството практично е оценето со единица без напредок и без имплементација дури на минатите препораки.
Како им се ближи крајот, така им расте нервозата и стравот од одговорност, а пресудата која спротивна на демократските и уставни норми е само уште еден доказ во низата.
Добрата вест е што изборите не се далеку, а оваа криминална каста која сега ја узурпира власта и го зароби правосудството не само што ќе доживее голем пораз, туку ќе се соочи со законите и ќе одговараат за сите криминали, а ќе има одговорност и за сите кои ги кршат законите“, се вели во соопштението.