ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги објавија носителите на листи за престојните парламентарни избори, додека останува непознат уште носителот на листата за петтата изборна единица.
Христијан Мицкоски најави дека тој ќе биде носител на пратеничката листа во првата изборна единица. Во втората, носител ќе биде Владо Мисајловски, во третата пратеникот Драган Ковачки, додека во четвртата носител ќе биде потпретседателот на партијата и пратеник, Александар Николовски.
Одлука кој ќе биде носител во петтата изборна единица се очекува дополнително да биде објавена, додека во шестата носител ќе биде сегашната пратеничка Дафина Стојановска.