ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема во план да се откаже од неговиот ментор Заев

zaev-filipce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата што владееше под власт на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.


„Филипче нема во план да се откаже од неговиот ментор Заев, ниту пак да се откаже од хибридниот режим што го спроведоа кога беа на власт.

Македонците беа рангирани како најнесреќни луѓе во Европа, под власта на Заев. Филипче и од ова не планира да се откаже.

Филипче не смета дека треба да расчисти со неговите претходници, а со тоа, не смета дека треба да расчисти и со тогашната нивна владина корупција, политичките унапредувања во судството и обвинителството. Филипче, не се откажува од извештаите на Стејт департментот за аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Филипче не се откажува од Заев и продолжува да ги поддржува неговите криминали, корупции и срамови што и ги нанесе на Македонија.

Потрчкото на Заев, Венко Филипче сака да стане нов Зоран Заев во СДС и да ги продолжи неговите делувања“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK