Социјалдемократскиот сојуз ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука преку соопштение истакнаа дека Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДСМ е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со кризата со загадената вода за пиење.
„Факт е дека локалната власт не успеа навремено да го заштити здравјето на граѓаните, поради што Владата и државните институции мораа итно да интервенираат. Беше обезбедена флаширана вода, беше воспоставено снабдување со вода за техничка употреба, а во најкус можен рок ќе се создадат услови водата повторно да биде безбедна и за пиење.
СДС нема кредибилитет да зборува за одговорност сè додека ги штити сопствените функционери и ги игнорира нивните неуспеси. Ако навистина веруваат во политичка одговорност, нека почнат од своите редови.
СДС и Филипче секојдневно држат лекции за морал, бараат оставки и глумат борци за одговорност, но кога станува збор за нивните функционери тогаш молчат.
Филипче молчи и не бара одговорност од својот кандидат Валбон Лимани кој управува со општината.
Тоа е вистинското лице на СДС, двојни аршини и лицемерие, бараат одговорност од сите освен за сопствените кадри, за нив целосна амнестија.
Време е СДС да престане со лицемерието и да покаже дека законите, моралот и одговорноста важат еднакво за сите, а не само кога тоа им носи политички поени“, се вели во партиското соопштение.