ВМРО-ДПМНЕ: Додека Спасовски сеуште не може да го најде синот на командант Баци, полицајци се пресметуваат во кафани, со бремени жени

Таткото-јавил-кога-Вања-ќе-излезе-од-дома-ја-грабнале.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Наместо Спасовски, сите расположливи сили, да ги насочи, во потрага на избеганиот син на командант Баци од УЧК, Наим Самиу, полицајци лабаво си седат по кафани и прават инциденти, во кои се вадат и пиштоли.


Припадници на полициските специјалци – Тигри, во кафеана во скопско Белимбегово, ваделе оружје, според медиумите, кон бремени жени, започнале тепачка со сопругот на бремената, а во инцидентот има и последици. Сето ова е пријавено и за сето ова има записник, во полициска станица!

“На 23.12.2023 година од страна на анонимен граѓанин пријавено е дека во угостителски објект во населба Белимбегово, полициски службеник од САЕ Тигар, вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзината кумашинка, по што дошло до нарушен ЈРМ, и има и повредени лица, а дополнително на пријавителот му се јавувале и од различни броеви да го прашаат зошто пријавувал за настанот. Пријавителот со сопругата се упатени во ПС Гази Баба да го пријават настанот со лекарска документација и снимки”, се вели во полициската информација до која дојдоа медиумите.

Во меѓувреме Спасовски нема решено ниедно пукање низ Скопје, редици криминални пресметки, киднапирање и убиство, бегства од притвори и затвори.

Вакво водење на полицијата, која треба да биде пример, за сите граѓани е срам за државата. Доаѓа време кога, ќе биде вратен кредибилитетот на полицијата, во тоа граѓаните да бидат сигурни“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK