ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име

filipce-kandidatura-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име, бара ВМРО-ДПМНЕ.


„ДКСК да провери како е набавено луксузното Ауди Q8.

Дали Филипче го платил со свои пари или друг го купил за него. Доколку друг го купил зошто му го дал на Филипче и дали може да се доведе во корелација со некој тендер или можеби со фирма или поединец кои имале бенефит од власта“, велат од партијата на власт.

ДКСК, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, да отвори случај и да ги истражи сите детали, по што мота да следува и соодветна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK