ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета со леснотија ги трошела парите на граѓаните, купувала авионски карти и без грам совест иако не патувала, фактурите го носела за да ги оправда парите

Костадиновска-Стојчевска-Продолжуваме-да-се-бориме-против-дискриминацијата-насилството-и-неправдата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аздисаноста на СДС, конкретно на Бисера Антоанета никако не сопирала. Секој поминат ден во Министерството за култура бил прилика како да ги искористи за себе народните пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Освен чорапи, хулахопки, мечиња, топки, изнајмување на скапи станови таа купувала и авионски карти за Дубаи од 3000 евра за наводно службено патување, а потоа не одела.

Без грам совест иако не патувала, фактурите го носела за да ги оправда парите.

Освен овие, таа платила и две авионски карти за Лондон. Авионските карти биле на релација Приштина-Лондон во еден правец, платила за истите речиси 900 евра и не заминала повторно на патувањето. Како човек на кој не му е гајле како се трошат народните парите, таа и за ова нереализирано патување си носела документи да ги оправда.

Оттука е логично да се постави прашањето зошто Бисера Антоанета купувала карти, а не заминувала на патување, имала ти таа плани програма по која работи, зошто не можела да предвиди каде оди и за каде да купува карти“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова аздисано однесување на Бисера Антоанета, како што додаваат, е еден од многуте докази на расипничкото однесување на СДС и како ја ограбиле државата.

И денес најавуваат детали за „расипничкото однесување“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK