ВМРО-ДПМНЕ бара судијата Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

vmro-dpmne-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Од партијата велат дека судијата Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија.

„Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да избега. Пајазити знаел дека Рамадани согласно неговото минато и искуство може да се впушти во бегство, но и покрај тоа свесно го ставил во куќен притвор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, очигледна е намерата на Пајазити да му даде можност на Блерим Рамадани да избега.

Пајазити мора да одговора, а за почеток тој треба да биде разрешен од судската функција, се додава во соопштението на владејачката партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK