ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна

mickoski5-19082024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Данела Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното. Сите други и се виновни, само таа не е. А истата е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Данела Арсовска од градоначалник на најголемата локална самоуправа во државата, неуспешно бараше кој град е полош од неа, еве да и ги скратиме маките на Арсовска, полош град и градоначалник од неа нема. Данела Арсовска стана единица мерка за неспособност и криминал. Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK