„Влен“ во координација со менаџерите во извршната власт – Нашите завети се: ефикасност, транспарентност и жестока борба против корупцијата

IMG-20240905-WA0001.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На работен состанок, коалицијата „Влен“ вчера попладне ги собра сите лидери, министри, заменик-министри, директори и заменик-директори кои ја сочинуваат извршната власт на Република Северна Македонија. Оваа средба означува значаен момент за иднината на служењето во интерес на граѓаните со чесност, отчетност и посветеност, велат од коалицијата.


На средбата се дискутираше за инвестицијата од 34,5 милиони евра за ,,Универзитетот Мајка Тереза” во Скопје, што претставува важен чекор за подобрување на образовниот систем и зголемување на можностите за нашите студенти.

„Ова е доказ за посветеноста на „Влен“ за развојот на образованието и создавањето на подобри услови за младите. Повторно потврдуваме дека нашите завети кон граѓаните се: ефикасност, транспарентност и жестока борба против корупцијата.
Овие принципи ќе бидат основата на секое наше дејствување во Владата и ќе бидат наши водечки светилници. Посебно се залагаме за европскиот пат на државата и ќе работиме на поскорешно членство во Европската унија. Визијата за интеграција во Европската унија е клучна за нашата иднина и развој, и ние сме посветени на спроведување на реформи кои ќе ја унапредат нашата позиција во регионот и пошироко.
По разочарувачкиот однос кон институциите од страна на ДУИ и нивните сателити, ја нагласуваме важноста на создавање на силни и независни институции кои ќе служат како гаранција за заштита на интересите на граѓаните и за подобрување на нивниот секојдневен живот. Наша цел е да изградиме систем што ќе биде одговорен и доверлив.
Ние ќе продолжиме да работиме за Влада која е посветена на одржливиот развој на земјата и која ги почитува принципите на демократијата и отчетноста“, се нагласува во соопштението.
„Влен“ како што најавуваат од коалицијата е подготвен да ја донесе многу очекуваната промена и да им даде на граѓаните она што го заслужуваат: Влада која работи за нив и со нив. Ги повикуваат граѓаните да им се придружат во нивната мисија за изградба на подобра и посветла иднина на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK