Коалицијата „Влен“ соопшти дека пет политички субјекти ќе се обединат во една политичка сила, најавувајќи нова фаза на консолидација на албанскиот политички блок во земјата.
Од „Влен“ порачаа дека, според нив, завршува периодот кога албанската политика била „приватна сопственост на корумпирана клика“ и кога мал број луѓе одлучувале во име на сите Албанци.
„Пет политички субјекти стануваат едно. Влен“, наведуваат од коалицијата, оценувајќи дека само обединета и дисциплинирана политичка сила може да го заштити албанскиот политички глас.
Од таму додаваат дека нивната обединета платформа ќе се темели на владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европски интеграции, партнерство со НАТО и заштита на семејството, традицијата и културниот идентитет.
ВЛЕН порачува дека нивното обединување претставува крај на, како што велат, ерата на политички фрагментации, уцени и задкулисни игри во албанскиот политички блок.