„Владата на СДС и ДУИ за мерки за ковид кризата неосновано исплатила околу 100 милиони евра“, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе продолжи со објавување детали за злоупотреба на народни пари

124947089_421760958824160_286843786693711393_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој. Ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„Извештајот констатира дека преку владината потпрограма Мерки за справување со ковид кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра. Станува збор за пари исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства.

Според Извештајот на Државна ревизија при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Или на владата на СДС и ДУИ и летнале 33 милиони евра во нечии џебови.

Колку за илустрација, овие околу 100 милиони се средства со кои можеше да се изгради нов клинички. Или за споредба, изградбата на нов клинички центар во Скопје според проектот од 2017 година ќе чинеше 128 милиони евра.

Оттука владата на СДС и ДУИ, средства колку за нов клинички, ги дели на сомнителен начин и без процедури.

Ова е само дел од злоупотреби констатирани од Државниот завод за ревизија. Продолжуваме со објава на детали од истиот Извештај во однос на други злоупотреби. Секој што постапувал спротивно на правните норми мора да одговара“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK