Влада: Го решивме проблемот со застојот на издавање на пасоши и лични документи

„Наместо-решение-ДПМНЕ-создава-хаос-со-личните-документи-велат-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата соопшти дека преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот на издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес, тврдат од Владата, тие се вадат во законскиот рок од 15 дена.


„Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци. Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите. Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име. Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската“, соопштуваат од Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK