Вклучување и на армиски хеликоптер во големиот пожар на Огражден, активни се уште две жаришта

Screenshot-2024-07-12-192746.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Активни се уште две жаришта од големиот пожар на планината Огражден.


Според информацијата од Центарот за управување со кризи, врз пожарот се дејствува на две жаришта кои се уште се активни, а се очекува по 18 часот покрај полицискиот да се вклучи и армиски хеликоптер.

Пожарот избувнал завчера попладне на планината Огражден, над селото Бадилен во граничниот појас со Бугарија.

Пожарот, како што известија од ЦУК, се гасне и од бугарската страна на границата, и со градежна машина е направен пристапен пат за да може да се движи теренско, противпожарно возило за да го гасне пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK