Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.
На својот фејсбук профил покрај честитката министерот Николоски објави и видео од градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Кривогаштани -Крушево.
Во продолжение пораката на министерот Николоски:
За многу години Илинден!
Добро утро на овој голем празник со ова видео од активностите на патот Кривогаштани – Крушево на кој се работи во моментов.
Борбата трае!
Да е вечна Македонија!